Плетвар обновен пред зимата
Сообраќајот на Плетвар оваа зима треба да биде посигурен и побезбеден, најавија надлежните од Министерството за транспорт и врски и од Јавното претпријатие за државни патишта. Привршува рехабилитацијата на делницата од Плетвар од 20 километри, која се смета за една од најфреквентните во државава. Главните патишта од Коридорот 10 во Пелагонискиот регион треба да бидат готови наредниве две години…

Со обновата на 20 километри, превојот Плетвар претстојнава зима треба да биде сигурен и побезбеден за сообраќај. Привршува рехабилитацијата на делницата од патниот правец Прилеп-Градско по кој дневно се движат околу 5.000 возила, а 18 насто се тешки возила чија фреквенција е зголемена, зашто поврзува два значајни земјоделско-индустриски региони, Пелагонискиот и Вардарскиот.
Иако поради технички причини, дел од работите на коридорот 10Д се пролонгирани, но интензивно се работи на двете фази од експресниот пат Прилеп – Градско, се пробива вториот тунел, за автопатот Прилеп-Битола почнаа фазите од договорот за изведување, а се рехабилитира патот од Битола до Меџитлија.
В година треба да бидат готови експресниот пат Прилеп-Градско и автопатот до Битола, а сите правци од коридорот ќе финишираат за две години.
Елизабета Митреска
