Бојкот на изборите- опасна авантура за Македонија!
Ниту една политичка партија нема корист од бојкот...ова е ставот на дел од експертската јавност по најавата дека е можно СДСМ да не ги признае изборните резултати и да употреби улична демократија...

Ако заклучно со 27-ми се потврди, дрскоста и безобразието на власта продолжи, секако дека сите опции се отворени – кажа во интервју Зоран Заев. Тој навестува дека на располагање му стојат комплетно сите опции за тоа што треба да се случува после 27-ми, а тоа се: бојкот, непризнавање на резултатите, улична демократија. Денеска на прес конференција рече дека опозицијата нема да дозволи да биде алиби за уништувањето на Македонија без да прецира што значи тоа.
Партиски извори велат дека лидерот и неколкумина негови соработници веќе донеле одлука за непризнавање на изборните резултати. Во обид да се делегитимираат изборите раководство деновиве вршело притисок врз општинските организации, кандидатите за пратеници и членството да не го признаат за легитимен изборниот резултат. Целта е да се урнат изборите а Македонија да се претстави како недемократска земја.
За таа цел се планирани повеќе методи кои не ислкучуваат и сценирани инциденти на денот на изборите. Таквите настани партијата ќе се обиде да ги искористи како алиби за напуштање на изборниот процес. Тоа по две и пол децениско парламентарно искуство во кој демократскиот капацитет се инсталирапе во сите опшстевени сфери ќе биде погубно и за државата. Таквото сценарио и оди во прилог единствено на Грција.
„Сите оние црни сценарија со кои што се најавува извесен бојкот на претседателските избори, воведување улична демократија, неприфаќање на поразот... тоа е бегање од личната одговорност на оние кои што нема да ја постигнат зацртаната цел со којашто истапија на овие избори“, вели аналитичарот Иванка Додовска.
Едно од сценаријата на СДСМ, велат нашите извори, е во недела попладне пред да заврши гласањето, Заев да ги повлече партиските претставници од избирачките места и на прес конференција да објави дека се повлекува од избори.
„Сценаријата за бојкот не се новина во политиката“, смета аналитичарот Дамовски. Вели дека досега ниту една политичка партија немала корист од одлуката самоиницијативно да излезе од институциите. Тоа не решение, напротив, земја која претендира членство во ЕУ и НАТО мора да покаже демократска зрелост.
„Кога немате цели како политичка ориентација, како политичка групација кон што се стремите, кога ја немате дефинирано стратегијата што ќе правите како опозиција или како позиција, не е битно, тогаш посегнувате по едни такви, би рекол глупави инструменти на бојкот“, изјави аналитичарот Александар Дамовски.
„Очигледно лекцијата за тоа што е демократија и што е политички плурализам не е научена во СДСМ и одтаму оваа партија постојано предизвикува кризи кога се наоѓа во опозиција и е извор на системска нестабилност“, смета аналитичарот Ивица Боцевски.
Со бојкот како форма на политички притисок не се согласува ниту меѓународната заедница која во континуитет повикува политичките партии да организираат демократски избори и да се воздржуваат од инциденти.
„Од лично искуство сметам дека е многу подобро да се седи во Парламентот и таму да се бориш за своите идеи, а не на улица“, изјави за МРТ амбасадорот на Хрватска во Македонија, Златко Крамариќ.
Сценариото за непризнвање на резултатот ако биде неповолен е неприфатливо ниту за погоелемиот број социјалдемократи кои ако останат надвор од институциите на системот им се заканува тивко гаснење на партијата. Се чини, велат извори од таму, ваквото сценарио му оди во полза единствено на актуелното раководство кое во обид да ги спаси партиските фотељи е подготвено целата држава да ја втурне во опасна авантура.
Анита Димитријевска
