САД
Најмалку 12 повредени во пукење во Филаделфија
06.11.2022 10:48
При првичниот увид на теренот, полициските службеници пронашле повеќе од 40 куршуми.

Најмалку 12 лица се ранети во во областа Кенсингтон во Филаделфија откако две лица излегле од автомобил и отвориле оган кон кафуле.
При првичниот увид на теренот, полициските службеници пронашле повеќе од 40 куршуми.
Полицијата трага по црн автомобил во кој имало најмалку три или четири лица. Засега нема уапсени. Исто така, нема информации за состојбата на повредените.
