МВР

Претрес во Тетово, пронајден пиштол и муниција, приведено едно лице

06.11.2022 11:56

По претходна судска наредба бил извршен претрес во домот на Л.К.(31) и Б.К.(33), двајцата од Тетово, во угостителски објект кој работел во состав на куќата...

Вчера вечер во 20.45 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода К.К.(32) од Тетово. Имено, по претходна судска наредба бил извршен претрес во домот на Л.К.(31) и Б.К.(33), двајцата од Тетово, во угостителски објект кој работел во состав на куќата, полициските службеници кај К.К.(32) од Тетово пронашле пиштол „хеклер“ калибар 9x19 мм со рамка со 10 куршуми калибар 9 мм.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, информриаат од МВР.