ЕУ и САД бараат кредибилни и транспарентни избори
Претставниците на САД и на ЕУ во Скопје ги повикуваат лидерите на политичките партии, како и релевантните државни функционери...

Европската унија и Соединетите Американски држави во заедничка изјава побараа кредибилни и транспарентни избори, како носечки столб на демократијата.
Претставниците на САД и на ЕУ во Скопје ги повикуваат лидерите на политичките партии, како и релевантните државни функционери да обезбедат услови во кои сите граѓани ќе можат да ја изразат својата волја непречено и слободно.
„По изборите в недела, очекуваме да работиме со новоизбраните лидери на земјата и со партиите во опозиција за зајакнување на политичкиот дијалог, фокусирајќи се на клучните реформски приоритети и движејќи ја земјата напред на патот кон евро-атлантска интеграција“, порачуваат Вашингтон и Брисел.
