Втор ден отчет на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ
Втор ден од таканаречениот партиски саем, на којшто градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ даваат отчет за сработеното за 365 дена власт, во над 40 општини. На првата трибина се дебатираше за локалната самоуправа и меѓународната соработка, предизвиците и искуствата. За експертите-учесници, ова е добар потег за зголемување на транспарентноста и отчетноста кон граѓаните …

Меѓународната соработка, искуствата, предизвиците и перспективите во фокусот на Саемот на ВМРО-ДПМНЕ насловен како Промени кои носат иднина. Експерти, соработници и Универзитетски професори со препораки до градоначалниците.
Според истражувањата на Меѓународниот Републикански Институт, половина од граѓаните не ги познаваат градоначалниците ниту советниците во својата општина. Постои општо незадоволство од игнорантскиот однос на првиот човек на општината, оценуваат од Меѓународниот Републикански Институт и препорачуваат изнаоѓање на системско решение за двонасочна комуникација на релација локална власт-жители.
Убавите зборови во изборните кампањи треба да се реализираат во проекти-вели меѓународниот секретар на партијата, Андоновски. Тој со порака до градоначалниците да не застануваат во трката за соработка со меѓународните организации. И со ограничени буџетски средства, сепак е забележителна реализацијата на проектите – оцени универзитетскиот професор Спасеновски.
Од партијата велат дека градоначалници од опозициската партија досега реализирале проекти во вредност од 120 милиони евра.
Марина Стојанова-Тонева
