Земјоделство

Во тек е распределбата на зелената нафта

07.11.2022 08:31

Во тек е распределбата на зелената нафта. Годинава скоро 50.000 земјоделци ќе добијат електронска картичка за субвенционирано гориво за обработка на нивите. За оваа мерка обезбедени се скоро 252 милиони денари. Финансиската поддршка е 50 проценти од трошоците за набавка на дизел гориво, но не повеќе од 100.000 денари по земјоделско стопанство...

Скоро 50.000 земјоделци од целата држава ќе добијат електронска картичка за набавка на дизел гориво за земјоделска механизација, но не повеќе од 100.000 денари по земјоделско стопанство. Висината е до 50 проценти од трошоците за обработка на културите, а обезбедени се вкупно 250 милиони денари.

Висината на поддршката зависи од видот на културата и големината на површината која е пријавена во барањата за финансиска поддршка. Корисници се полјоделците, овоштарите, лозарите и градинарите.

За пченица, јачмен, пченка,’рж, овес, ориз, тритикале, хељда, сирак и просо поддршката изнесува 1.400 денари по хектар.

За хмељ, лен, леќа, кикиритки, соја, сончоглед, маслодајна репка, добиточна репка, афион, шеќерна репка и памук, поддршката изнесува 2.119 денари, а за градинарските и лозовите култури 4.238 денари по хектар.

Во овоштарството субвенцијата изнесува 5.273 денари по хектар, а за ореви и питоми костени поддршката изнесува 2.636 денари.

Картичката може да се користи повеќекратно се до исцрпување на средствата.

Методија Трајков