Банкомати на удар на крадците
Три милиони и триста илјади денари се испразнети од банкоматот лоциран на Јужноморавски бригади

Начинот на кој крадците го сториле тоа не е утврден но земени се парите од четири кутии со банкноти од 100, 500 и 1000 денари. Сеуште не се соопштува од банката за колку е оштетена од грабежот на банкоматот лоциран во општинската зграда во населба Илинден. Таму крадците употребиле сила.
-Од наша страна им е укажано за бебзедносни мерки кои треба да ги преземат со цел намалување или спречување на кражбите кои се случуваат во филијалите во банките или на банкоматите- изјави Марија Јаковлеска, портпарол на МВР
МТВ побара одговор од Стопанска Банка дали и што затаило во однос на безбедноста на банкоматите. Имало ли камери, аларми и се друго што е пропишано со стандардите. Во писмен одговор од банката тврдат дека ги применуваат соодветните стандарди за безбедност во сите сфери на своето работење вклучително и управувањето со мрежата банкомати низ земјава. Преносот и полнењето со готовина го делегирале на специјализирани компании, квалификувани и лиценцирани од регулаторот. А постојано работат на надградба и усовршување.
Банкоматите се цел на грабежи секаде во светот. Јавноста го памети неодамнешниот случај кога во Италија крадците направиле дупка во банкоматот и со правосмукалка ги извлекле парите. Се вклучил алармот, но полицијата ја нашла само правосмукалката.
Фиљана Кока
