Ставрески: Владата со силна поддршка за кандидатурата на „Филип Втори“ за домаќин на ЕП 2020

25.04.2014 17:19

Ние сме едни од 13-те организатори. Посакуваме, веруваме дека ќе бидеме успешни и дека ќе добиеме организација на еден ваков голем настан каков што е ЕП во фудбал за 2020-та година, рече Ставрески...

Владата на Република Македонија ја даде поддршката за апликација за кандидатура на спортската Арена во Скопје, за Европското првенство во фудбал во 2020-та година. Зоран Ставрески денес истакна дека се потпишани сите документи и гаранции кои требаше да се издадат во таа насока.
 
Ние сме едни од 13-те организатори. Посакуваме, веруваме дека ќе бидеме успешни и дека ќе добиеме организација на еден ваков голем настан каков што е ЕП во фудбал за 2020-та година, рече Ставрески.
 
Тој денес ја посети академија „Пандев“, каде членуваат талентирани фудбалери. За Академијата, Владата дава силна поддршка. Ставрески истакна дека е голем фан на Горан Пандев, а му беше подарен и дрес од македонскиот фудбалер, од страна на академијата.
 
Континенталниот шампионат во 2020 година кога УЕФА одбележува 60 години од првото Европско првенство ќе го организираат 13 градови од стариот континент.  
 
Нашиот главен град, Скопје и Националната арена „Филип Втори“ е еден од потенцијалните домаќини на натпревари од групната фаза за ЕП 2020.