Обединети арапски емирати
Пожар избувна во 35-катница во Дубаи
07.11.2022 09:48
Во огнената стихија уништена е цела вертикала од облакодерот, но пламените јазици се локализирани навреме, пред да биде зафатен целиот објект...

Пожар избувна во 35-катница во Дубаи во близина на Бурџ Калифа-највисоката зграда на светот. Во огнената стихија уништена е цела вертикала од облакодерот, но пламените јазици се локализирани навреме, пред да биде зафатен целиот објект.
Засега нема информации за повредени или евентуални жртви. Сличен инцидент се случи и во 2015-та кога од пожар беше зафатен еден од најскапите хотели и резиденции во Дубаи во близина на Бурџ Калифа.
