Ирак
20 повредени во пожар во Багдад
07.11.2022 09:53
Според цивилната одбрана, огнот е целосно изгаснат, а екипите трагаат по исчезнатите лица. Причината за пожарот сè уште не е позната...

Најмалку 20 лица, меѓу кои и шефот на дирекцијата за цивилна одбрана на Ирак, се повредени откако се запали, а потоа и се урна комерцијална зграда во главниот град, Багдад. Смртни случаи не се пријавени.
Според цивилната одбрана, огнот е целосно изгаснат, а екипите трагаат по исчезнатите лица. Причината за пожарот сè уште не е позната.
