Руско - украински конфликт

Нови напади и рестрикција на струја во Украина

07.11.2022 10:14

Киев тврди, русите напаѓаат во три насоки-Бахмут, Авдијевк и Новопавливк. Руските сили, пак, велат дека за 24 часа украинската војска извршила над 30 напади на територијата на Доњецката Народна Република...

Сирени за тревога се огласија низ цела Украина. Киев тврди, русите напаѓаат во три насоки-Бахмут, Авдијевк и Новопавливк. Руските сили, пак, велат дека за 24 часа украинската војска извршила над 30 напади на територијата на Доњецката Народна Република. Железничката зграда била погодена од 6 ракети. Соопштија дека успешно ја држат одбранбената линија во Херсонската област.

Зеленски порача дека е подготвен за нови руски напади на инфраструктурата, откако градоначалникот на Киев Кличко ги повика граѓаните да се подготват за најлошото сценарио. Над 4 ипол милиони потрошувачи се веќе без струја.

„Дознавме дека терористичката држава концентрира сили и ресурси за можни повторени масовни напади врз нашата инфраструктура пред сè енергетските капацитети. На Русија за тоа и беа потребни иранските ракети. Се подготвуваме за одговор“, изјави украиснкиот претседател, Володимир Зеленски.

Компанијата „Укренерго“ најави вонредни исклучувања на електричната мрежа поради неможноста да дистрибуира струја. Земјата денеска се соочува со недостиг од 32 насто во потребното снабдување.