АХВ

Производот трајно млеко, Милкано со 3,2% масленост се повлекува од пазарот

07.11.2022 11:06

Поради присуство на Афлатоксин м1. Увозник и дистрибутер на производот е ланецот супермаркети Стокомак...

Поради присуство на Афлатоксин м1. Увозник и дистрибутер на производот е ланецот супермаркети Стокомак.

Станува збор за производот со – сериски број LOT FD04 со датум на производство: 05.10.2022 и рок на употреба: 04.03.2023. Крајните потрошувачи кои го имаат купено производот со посочениот сериски број, истиот да не го консумираат и да го вратат на местото од каде го купиле, соопштија од агенцијата.

Од ланецот супермаркети синоќа упатија апел до сите граѓани коишто го купиле, да го вратат во маркетите за да им бидат вратени парите.