Симон Трпчевски - прв музичар од Македонија кој настапи во Конгресната библиотека во Вашингтон

25.04.2014 19:44

Македонскиот пијанист Симон Трпчески е првиот музичар од Македонија којшто настапи во Конгресната бибилиотека во Вашингтон со три сонати од Бетовен, Брамс и Шопен. Ова е 45-ти концерт на нашиот најдобар пијанист во САД во последниве 12 години.

Вака прозвучеа сонатите од Бетовен, Брамс и Шопен во Конгресната библиотека во Вашингтон во изведба на македонскиот најпознат пијанист, Симон Трпчески и неговиот колега Даниел Мулер-Шот. Ова е првпат еден македонски музичар да настапи во престижната Конгресна бибилиотека во Вашингтон.

„Честа е голема, би рекол задоволството е големо заради тоа што јас внесувам многу љубов во она што го правам, а името на мојата држава оди заедно со моето име. Од друга страна не можам да кажам дека чувствувам одреден притисок, напротив моето задоволство во вршењето на мојата професија практично е поврзана со љубовта кон мојата земја, така што тука сите имаме непроценливи придобивки“, изјави Симон Трпчевски.

„Трпчески не само што е познат по својата перфектна техника и деликатен израз, туку и по својот  непосреден карактер и тенденција да го претстави македонскиот културен имиџ“, се вели во програмата на Конгресната бибилиотека за настапот на Трпчески во Вашингтон. 

Концертот во американскиот главен град е трет во серијата од пет настапи на Трпески и Мулер-Шот во Канада и САД. По Америка, Трпески го очекуваат концерти во Европа.

Во организација на Конгресната бибилиотека наскоро ќе излезе и це-де со македонска музика.

 

Ирина Гелевска- постојан дописник од Вашингтон за МРТ