Струја ќе има за сите, уверуваат надлежните
Електрани на Северна Македонија засега целосно, преку домашните капацитети го покриваат регулираниот пазар на струја во државава. За половина месец биле произведени речиси 200 илјади мегават часови и 600 мегавати вишоци на струја...

Струја ќе има за сите, уверуваат надлежните, но граѓаните реагираат на најавите дека од нова година ќе поскапи., опозицијата со став-власта нема план
Електрани на Северна Македонија засега целосно, преку домашните капацитети го покриваат регулираниот пазар на струја во државава. За половина месец биле произведени речиси 200 илјади мегават часови и 600 мегавати вишоци на струја.
Владата уверува дека струја ќе има доволно финансиските средства се обезбедени, ликвидноста на ЕСМ е осигурана. Но, со најавеното покачување на ДДВ од 5 на 10 насто, сметките на граѓаните само по овој основ ќе се зголемат за 4 до 5 проценти во зависност од потрошувачката. Ако дополнително се зголеми и цената, под притисок на зголемениот број субјекти на регулиран пазар во рамки на антикризните мерки, крајното поскапување ќе биде поголемо. Опозицијата реагира дека власта нема план, го задолжува народот.
Последното поскапување на струјата од 7,4 % во просек, беше пред четири месеци кога беа воведени и блок тарифите според системот, кој помалку троши – помалку плаќа.
