Македонија

Трошоците на живот во октомври поголеми за 19.8 проценти, цените на мало за 15.4 отсто

07.11.2022 13:40

Индексот на трошоците на животот во октомври 2022 година, во однос на октомври 2021 година, бележи зголемување од 19.8%, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 15.4%, соопшти Државниот завод за статистика...

Индексот на трошоците на животот во октомври 2022 година, во однос на октомври 2021 година, бележи зголемување од 19.8%, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 15.4%, соопшти Државниот завод за статистика.

Пораст на индексите на трошоците на животот во октомври 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 7.3%, млекото за 5.9%, сирењето и урдата за 5.7%, месото за 3.6%, прехранбените производи неспоменати на друго место за 3.2%, рибата и морските плодови за 2.8%, лебот и житата за 1.8%, кафето, чајот, какаото за 1.4%, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1.1%, виното за 0.9%, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0.5%, пивото за 0.4% и жестоките пијалаци за 0.3%.

Во октомври, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај другите медицински производи за 4.6%, другите услуги за опремата за сопствен превоз за 3.7%, цврстите горива за домаќинствата за 3.4%, парамедицинските услуги за 1.8%, гасот за домаќинствата, поправката на аудиовизуелната, фотографската и информатичката опрема, домашните миленици и сродните производи за 1.7%, обувките, рестораните, кафулињата и слично за 1.6%, облеката, другите апарати и производи за лична хигиена за 1.4%, медицинските услуги за 1.3.%, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 1.2%, игрите, играчките и хобијата за 1.0%.

Малите електрични апарати за домаќинствата, производите за домаќинствата – нетрајни поскапеле за 0.9%, информатичката опрема за обработка на податоците за 0.8%, малите алатки и останатите додатоци, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства, канцелариските материјали и материјалите за цртање за 0.7%, течните горива за домаќинствата, текстилот за домаќинствата, медиумите за снимање за 0.6%, поправките и изнајмувањето обувки, патниот патнички транспорт за 0.5%, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, услугите за одржувањето и поправките на живеалиштето, поправката на апаратите за домаќинствата, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за 0.4%, големите електрични апарати за домаќинствата, домашните услуги и услугите за домаќинствата, електричните апарати за лична хигиена за 0.3%, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики, другите лични предмети за 0.2%.

Намалување на индексите на трошоците на животот во октомври 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 3.6% и маслото и маснотиите за 0.8%.

Во октомври, исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележан и кај услугите за сместување за 12.4%, туристичките аранжмани за 10.4%, теписите и другите подни покривки за 4.5%, воздухопловниот патнички транспорт за 1.7%, градините, растенијата и цвеќињата за 1.4%, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства за 1.1%, моторните возила за 0.7%.