Работниците во Португалија со деца до 12 години нема да работат за викенд
Доколку компаниите сакаат нивните вработени, кои имаат деца под 12 години, да доаѓаат на работа во сабота и недела, ќе треба на суд да докажат дека се незаменливи на работното место и дека со нивното отсуство може да биде загрозена дејноста на компанијата...

Во Португалија, работниците кои имаат деца под 12 години нема да работат за викенд, пресуди Врховниот суд на Португалија.
Доколку компаниите сакаат нивните вработени, кои имаат деца под 12 години, да доаѓаат на работа во сабота и недела, ќе треба на суд да докажат дека се незаменливи на работното место и дека со нивното отсуство може да биде загрозена дејноста на компанијата.
Правото на усогласување на активностите со семејниот живот и правото на заштита на татковството и мајчинството се содржани во уставот, се наведува во пресудата.
