Почина Тито Виљанова

25.04.2014 19:55

Ги добиваше битките на теренот, но прерано ја загуби борбата со неизбежното. На 45 годишна возраст, згасна животот на поранешниот тренер на Барселона.

Тито Виљанова се бореше со рак на грлото од 2011-та година, но и покрај влошената здравствена ситуација се реши да остане на клупата на Барса кога Гвардиола замина во привремена пензија. На крајот на минатата година му беше предочено, дека мора да го напушти фудбалот.

Во улога на прв тренер, со Каталонците освои една титула во Ла Лига, во сезоната 2012/13. Беше асистент во времето на Гвардиола, во најуспешниот период во историјата на Барселона (2008-12), кога каталонската гордост освои три титули во Шпанија и две во Лигата на шампионите (2009, 2011).