Конференција

Проект за промовирање транспарентност и одговорност во јавната администрација

07.11.2022 14:30

Државната комисија за спречување корупција и Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер мора да имаат поголем капацитет за да ја спроведат нивната должност. ДКСК сметаат дека неказнивоста и ограничените капацитети на институциите и натаму остануваат најголем проблем во борбата со корупцијата...

Борбата против корупцијата бара политичка волја, граѓански притисок за поголема транспарентност и отчетност на институциите и функционерите, посочуваат експерти од Делегацијата на Европската Унија. Според нив, Државната комисија за спречување корупција и Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер мора да имаат поголем капацитет за да ја спроведат нивната должност.

Преку проектот на Европската Унија за „Промовирање на транспарентност и одговорност на јавната администрација“, двете институции ги јакнеа капацитетите и го подобрија оперативното работење. Сепак, од ДКСК сметаат дека неказнивоста и ограничените капацитети на институциите и натаму остануваат најголем проблем во борбата со корупцијата. Позитивни резултати има кај слободниот пристап до информации.

Целта на проектот беше да се придонесе кон зголемен интегритет, етика, транспарентност и отчетност на јавната администрација.

Викторија Милевска