Претставен извештајот за човековиот развој
Претставен извештајот за човековиот развој на УНДП, насловен „Патоказ низ несигурни времиња“. Претседателот Пендаровски вели дека мора да се соочиме со реалноста и да го спроведеме неопходните реформи. Потребно е да се унапреди политиката за помош на ранливите групи, но и иновации во различни облици за справување со предизвиците – посочи постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан …

Првпат откако е воведена оваа методологија, глобалниот индекс за човековата добробит во светски рамки, опаѓа две години по ред – ова е наведено во годинашниот Извештај за индекс на човековиот развој, иако надолна линија се забележува во изминатите 5 години уште пред појавата на пандемијата со Ковид-19. Нема проценки, колку време ќе му биде потребно на светот за да се врати на нивото од пред 2019 година. Македонија не е исклучок, напротив од регионална перспектива нашата држава е на дното – вели претседателот Пендаровски.
Енергетската криза, ценовните шокови дополнително влијаат на факторите кои го детерминираат високиот животен стандард, а се однесуваат на развојот на сивата економија, загаденоста на животната средина, квалитетот на здравствениот систем проследени од начинот на справување со пандемијата на коронавирусот, медиумската писменост – област за која Македонија е рангирана со најнизок индекс во Европа. Назадувањето во демократијата на глобално ниво е тренд, а последиците од Ковид-19 влијаеа негативно врз перцепцијата за политичка и економска несигурност што доведоа до широка распространет, песимизам и незадоволност од репрезентативните институции – наведено е во извештајот.
„Потребно е да се унапреди политиката за помош на ранливите групи, како и иновации во различни облици за дефинирање на развојот и справување со предизвиците“, изјави Армен Грегоријан.
Програмата за развој на Обединетите Нации врз основа на податоците собрани од извештајот за човековиот развој предлага помагање на луѓето со инвестирање, осигурување и со иновации.
Марина Стојанова Тонева
