Американците ќе избираат нови претставници за Конгресот
Анкетите покажуваат дека републиканците се во предност за Претставничкиот дом, Долниот дом на Конгресот, додека изборот на членови на Сенатот ќе биде неизвесен...

Актуелниот американски претседател Џо Бајден од Демократската партија и поранешниот претседател Трамп од Републиканската партија на завршни митинзи пред конгресните избори во САД.
Американците ќе избираат нови претставници за Конгресот, но и гувернери и претставници на локалната власт.
Анкетите покажуваат дека републиканците се во предност за Претставничкиот дом, Долниот дом на Конгресот, додека изборот на членови на Сенатот ќе биде неизвесен.
Според аналитичарите, одлуката за тоа кој ќе го контролира Сенатот во следните четири години најверојатно ќе ја донесат гласачите во Пенсилванија, Џорџија и Невада.
