Доделени договори за грантови од 6.000 евра на 70 жени
Бројот на жени земјоделки расте. Ако во 2019-та година имало 36 илјади денеска тој број е скоро 40 илјади регистрирани жени земјоделки, истакна директорот на агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој...

Вешто подготвените слатка, џемови, маџуни ајвари, разни сирупи и уште многу други производи уредно се продаваат од куќен праг. 70 жени земјоделки добија грант од 6.000 евра. Со тие средства ќе може да набават опрема со која ќе може да развијат нови производи и нови брендови на пазарот.
Бројот на жени земјоделки расте. Ако во 2019-та година имало 36 илјади денеска тој број е скоро 40 илјади регистрирани жени земјоделки, истакна директорот на агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Бачовски истакна дека приказната за креирање на посебна мерка наменета за руралните жени започна во 2019-та година и ја постигна својата цел. На првиот јавен повик којшто беше реализиран минатата година со потпишување на 250 договори за жени регистрирани како носители на земјоделски стопанства беа доделени грантови во износ од 3.000 евра. Досега 137 апликантки целосно ја изреализирале инвестицијата.
Ана Ј. Тодоровска
