Емотивно збогување на Пике со Барселона

06.11.2022 13:19

Легендарниот дефанзивец во четвртокот го најави своето збогување и синоќа стави крај на фудбалската кариера. По триумфот над Алмерија, со кој Барселона се искачи на врвот на табелата во шпанското првенство, Пике одржа емотивен говор со солзи во очите.

Фудбалерите на Барселона ја совладаа Алмерија со 2-0 на домашен терен во натпревар од 13 коло во Ла Лига, во кој последен пат на Камп Ноу настапи Жерар Пике.   

Легендарниот дефанзивец во четвртокот го најави своето збогување и синоќа стави крај на фудбалската кариера. По триумфот над Алмерија, со кој Барселона се искачи на врвот на табелата во шпанското првенство, Пике одржа емотивен говор со солзи во очите.

Тоа беше однос со многу љубов и голема страст … Уверен сум дека во иднина повторно ќе бидам тука. Ова не е крај. Заминав пред многу години и се вратив. Тука сум роден и тука ќе умрам. Visca Barca, рече Пике.