„Придонесот на македонците во татковинската војна“ - документарец на Мирјана Василева
Во 45 минути е сумирано емотивно сведоштво на македонските ветерани...
Во Загреб се одржа премиерата на документарниот филм „Придонесот на македонците во татковинската војна“ на новинарката на Македонската радио телевизија Мирjана Василева.
„Филмот ќе учествува во натпреварот за документарен филм на Охрид Фест. Следува и втор дел, но од македонска гледна точка. Има македонски членови кои сакаат да го продолжиме филмот. Ќе се емитува на Македонската радио телевизија, а се надевам и на хрватската“, изјави Мирјана Василева, новинар на МРТ.
Во 45 минути е сумирано емотивно сведоштво на македонските ветерани. За нив не постојат официјални податоци, но се претпоставува дека во воените дејствија учествувале 400 до 600 припадници на македонското малцинство.
