Таравари: Го поддржуваме процесот на евроинтеграции
Лидерот на АА посочи дека исто така на средбата било отворени и прашањето за отстранување на процентот за употреба на албанскиот јазик.

Ние сме на пат за Европската Унија и немаме друга алтернатива. Како Алијанса за Албанците апсолутно го поддржуваме овој процес и ќе бидеме тие коишто ќе помогнат со сите сили, нагласи в.д. претседател на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, по лидерската средба во Собранието, поздравувајќи ја иницијативата за состанокот со надеж дека дебатата ќе продолжи и во иднина.
Ја поздравувам иницијативата од премиерот што ја свика денешната средба, мислам дека ова е добар знак за целиот процес да биде што поинклузивен и потранспарентен. Мислам дека требаше уште порано да има дебата меѓу политичките партии, меѓутоа никогаш не е доцна. Се надевам дека дебатата ќе продолжи, ние сме на пат за Евроспакта Унија и немаме друга алтернатива, истакна Таравари.
Лидерот на АА посочи дека исто така на средбата било отворени и прашањето за отстранување на процентот за употреба на албанскиот јазик.
Мислам дека е коректно нашите сограѓани Македонци да покажат пред се почит кон нивните сожители кои сме 30 проценти од вкупната бројка на жители кои што живеат во Македонија и мислам дека е достоинствено да се употребува албански јазик, а не бројки или проценти, рече Таравари.
Тој, одоговарајќи на новинарско прашање околу тоа дали има интерес кај останатите политички партии за трагање на процентите за употреба на албанскиот јазик, потенцираше дека на средбата никој не кажал дека е против.
