МВР

Приведено лице барано со потерница

07.11.2022 18:55

Денеска во 15.20 часот на ул."Нов живот" во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје ја лишиле од слобода Ш.М.(28) од Скопје.

Денеска во 15.20 часот на ул."Нов живот" во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје ја лишиле од слобода Ш.М.(28) од Скопје. Таа била  барана по централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување на казна затвор од две години и два месеци за сторено кривично дело "тешка кражба" по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во надлежна казнено-поправна установа за издржување на казната, информираат од МВР.