Русија: „Украина да престане со воените операции“
25.04.2014 22:04
Русија денеска ја повика Украина да ги запре воените операции во источниот дел на земјата, да ги повлече силите оттаму и да почне примена на Женевскиот договор, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

„Тоа ќе овозможи почеток на деескалација“, се истакнува во соопштението.
Претходно, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ја осуди операцијата на украинската војска, нарекувајќи ја „крваво злосторство“.
Тој посочи и дека Русија одлучно ќе придонесе за смирување на судирите, како што е договорено во Женева.
