Основен суд – Тетово

Ново рочиште за пожарот во модуларната болница во Тетово

08.11.2022 08:42

Во Основен суд – Тетово денеска во 10 часот треба да почне судењето за пожарот во тетовската модуларна болница, што се случи на 8 септември 2021 година во која 14 луѓе ги загубија животите, а имаше и десетина повредени лица...

Во Основен суд – Тетово денеска во 10 часот треба да почне судењето за пожарот во тетовската модуларна болница, што се случи на 8 септември 2021 година во која 14 луѓе ги загубија животите, а имаше и десетина повредени лица.

По десетмесечната истрага, почетокот на судењето беше закажано за 6 септември, па се одложи за 14 октомври поради отсуство на двајца од обвинетите. На 14 октомври беше одложено за денеска, 8 ноември поради тоа што двајца од обвинетите немаа адвокати.

Обвинети се директорите Фљорин Бесими и Артан Етеми, како и докторот Бобан Вучески и Клиничка болница Тетово како правно лице.