Свет

Бугарски полицаец убиен при патрола на границата меѓу Бугарија и Турција

08.11.2022 09:02

На подрачјето на инцидентот веднаш биле испратени дополнителни патроли, но во близина не биле пронајдени илегални мигранти. По инцидентот бил одржан состанок со турските гранични власти бидејќи се претпоставува дека сторителот бил на територијата на Турција...

Припадник на бугарската Гранична полиција е застрелан во заедничка полициско-воена патрола на границата меѓу Бугарија и Турција, во атарот на селото Голем Дервент, јави БНР.

Граничниот полицаец починал на лице место, а војникот се повлекол и не е повреден.

На подрачјето на инцидентот веднаш биле испратени дополнителни патроли, но во близина не биле пронајдени илегални мигранти.

По инцидентот бил одржан состанок со турските гранични власти бидејќи се претпоставува дека сторителот бил на територијата на Турција.

Последниве месеци во Голем Дервент се забележани зголемен број мигранти, а протокот е зголемен, поради што во целата област се засилени патролите.

На местото на несреќата веднаш замина техничкиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Иван Дерменџиев.