Македонија

Новата американска амбасадорка ја почнува дипломатската мисија во земјава

08.11.2022 09:11

Новата американска амбасадорка во земјава Ангела Агелер официјално ја почна својата дипломатска мисија во Скопје. Во Вила Водно на претседателот Пендаровски ќе му ги предаде акредитивните писма, а во Собранието ќе има средба и со спикерот Џафери...

Новата американска амбасадорка во земјава Ангела Агелер официјално ја почна својата дипломатска мисија во Скопје. Во Вила Водно на претседателот Пендаровски ќе му ги предаде акредитивните писма, а во Собранието ќе има средба и со спикерот Џафери.

Очекувањата се дека ќе продолжи цврстото партнерство меѓу двете држави во НАТО, со посебен акцент на руската воена акција во Украина, како и за идното претседавање на Македонија со ОБСЕ догодина. Непосредно пред доаѓањето во земјава Агелер пред членовите на Сенатот во САД најави дека ќе се залага за одговорност на корумпираните политички актери во Македонија.

Агелер, која одлично говори македонски, е дипломат од кариера и не е прв пат во земјава. Претходно беше службеник за односи со јавноста во американската амбасада, од 2011 до 2014 година. Доаѓа на местото на нејзината претходничка, Кејт Мери Брнз.