Косово
Курти: Вучиќ ги засили напорите за дестабилизација
08.11.2022 10:03
Косовскиот премиер, Курти вели дека Србија предизвикува инциденти во северно Косово, затоа што е против планот што го предлагаат Франција и Германија за постигнување конечен договор меѓу Косово и Србија...

Косовскиот премиер, Курти вели дека Србија предизвикува инциденти во северно Косово, затоа што е против планот што го предлагаат Франција и Германија за постигнување конечен договор меѓу Косово и Србија.
Рече дека последните инциденти во областите во северно Косово, населени со мнозинско српско население, немаат врска ниту со одлуката за промена на српските со косовски регистарски таблички, ниту пак со барањата за формирање заедница на општини со српско мнозинство во Косово.
