Бајден: Демократијата е во опасност, Трамп: Америка пропаѓа
Денеска во САД гласање за целиот Претставнички дом, една третина од Сенатот и за гувернерски места во неколку клучни сојузни држави...

Денеска во САД гласање за целиот Претставнички дом, една третина од Сенатот и за гувернерски места во неколку клучни сојузни држави. Џо Бајден предупреди дека републиканска победа би можела да ги ослабне демократските институции на земјата, додека Доналд Трамп уште еднаш навести дека следната недела би можел да ја објави кандидатурата за претседател. Коментарот на Бајден ја одразува длабоката политичка поделба во САД во пресрет на изборите, на коишто републиканците би можеле да ја преземат контролата во еден, а можеби и во двата дома на конгресот. Според анкетите способноста на Бајден да донесува закони ќе биде нарушена ако републиканците го освојат Претставничкиот дом.
„Знаеме во нашите коски дека нашата демократија е во опасност и знаеме дека ова е вашиот момент да ја браните“, изјави претседателот на САД, Џо Бајден.
На последните анкети, само 39% американци ја пофалија работата на Бајден.
„Ако ги поддржувате падот и пропаѓањето на Америка, тогаш мора да гласате за радикално левите, луди луѓе. Ако сакате да го запрете уништувањето на Америка, тогаш мора да гласате за републиканците во голем црвен бран“, изјави Доналд Трамп.
На републиканците им требаат пет места во Претставничкиот дом и едно во сенатот за контрола во конгресот.
