Хрватите преку Белград во Европа!
Уште еден шок на фајнл – фор турнирот на кошаркарската АБА лига во Белград, по Црвена звезда елиминиран е шампионот и трофејниот рекордер Партизан. Вечерашното полуфинално изненадување е во креација на Цедевита за загрепски меч за 13-тиот регионален пехар.

Нолан Смит во улога на Кецман, Цедевита во ролјата на Партизан. Хрватите во финале, нема Евролига преку АБА лигата за црно-белите.
Американецот погоди во последната секунда од мечот, погоди за три, што беше најслабиот елемент на хрватскиот тим во ова второ полуфинале.
Во најголемата дилема во кошарката, дали да се прави фаул при негатива во последните секунди од натпреварот, или не, Репеша имаше -1, но ризикуваше. Смит ги награди и него и хрватската јавност.
Во Белград три дена кошаркарска жалост, в недела во 20 за титулата ќе играат Цедевита и Цибона. Смит 12 поени, Билан 14, Нуркиќ 13, дабл-дабл за Сутон со 10 поени и 11 скокови. Кај поразените, 25 поени за Павловиќ, 15 за Богдановиќ.
АБА лигата ќедобие нов шампион. Цедевита ќе го одигра второто финале, Цибона четвртото, Хрватска нема трофеј.
