Украина

Ќе се напаѓаат местата на иранските проектили

08.11.2022 10:04

Портпарол на украинските воздухопловни сили, на конференција во Киев изјави дека Украина би можела да ги гаѓа иранските проектили на нивните локации за лансирање, кои се наоѓаат длабоко во Русија...

Портпарол на украинските воздухопловни сили, на конференција во Киев изјави дека Украина би можела да ги гаѓа иранските проектили на нивните локации за лансирање, кои се наоѓаат длабоко во Русија.

Истакна дека тие мора да се уништат, бидејќи Украина нема ефективни средства за борба против балистичките проектили, освен физичко уништување во фазата на лансирање.

Портпаролот рече и дека тие проектили имаат дострел од 300 до 700 километри, што нема да биде ништо ново за Украина, бидејќи искандерите од руско производство се користат уште од првиот ден на војната.