Свет

Кина го отстрани говорот на Мишел на отворањето на големата трговска изложба

08.11.2022 10:47

Претходно снименото видео на Шарл Мишел требаше да биде едно од неколкуте на светските лидери и шефови на меѓународни организации, вклучително и кинескиот претседател Си Џинпинг на отворањето на Кинеската меѓународна увозна изложба (СИИЕ) во петокот...

Кинеските власти, кои го организираат големиот меѓународен трговски саем во Шангај, го повлекоа обраќањето на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, на свеченото отворање на церемонијата на отворањето во кој ја критикувал руската „илегална војна“ во Украина и повикал на „намалување на трговската зависност“ од Кина, пренесува Reuters повикувајќи се на дипломатски извори.

Претходно снименото видео на Шарл Мишел требаше да биде едно од неколкуте на светските лидери и шефови на меѓународни организации, вклучително и кинескиот претседател Си Џинпинг на отворањето на Кинеската меѓународна увозна изложба (СИИЕ) во петокот, изјавија тројца европски дипломати за Ројтерс.