Дипломатија

Османи - Милков: Да се врати позитивниот ред во меѓусебните односи

08.11.2022 12:24

Законските измени за здруженија и фондации пред Венецијанската комисија, најави Османи од Софија. Предлогот ќе го достави до Владата. Не одговори директно кога ќе се отвори македонскиот културен центар во Благоевград...

Културните центи во Скопје и Софија се начините на кои треба да се разменуваат културите. Нема да дозволиме други да ни ја водат надворешната дипломатија, во духот на ЕУ вредностите ќе ја градиме иднината, порача министерот Османи по средбата со бугарскиот колега, Милков. Не одговори кога се отвори македонскиот културен центар во Благоевград, но рече дека се интензивира соработката на меѓусекторските работни групи во оваа област. Од Софија најави дека предлог закон за регистрирање на здруженија и фондации ќе се испрати до Венецијанската комисија.

Нашиот интерес и целта е да се врати позитивниот ред во меѓусебните односи кои последните месеци се изгубија и од двете страни на границата, изјави бугарскиот министер Милков. Негова визија е вели, преку интензивирање на дијалогот да се надминат настаните за кои како што додаде, фрлиле сенка на добрите односи.

Македонски здруженија најавуваат отворање на нов клуб близу Пловдив. Бугарските здруженија „Иван Михајлов“ во Битола и „Цар Борис Трети“ во Охрид треба да ги променат имињата во централниот регистар.

Викторија Милевска