Факултетот за физичко образование ќе ги насочува учениците на соодветниот спорт
Ќе се вршат тестирања на моторичките способности за параметрите кои го определуваат спортот за ученикот. При Европската недела на спортот, со проектот се избрани 10 општини кои ќе бидат вклучени учениците од шесто до деветто одделение...

Проверка и избор на спортски таленти. Од Факултетот за физичко образование ќе ги насочуваат учениците на соодветниот спорт. Ќе се вршат тестирања на моторичките способности за параметрите кои го определуваат спортот за ученикот. При Европската недела на спортот, со проектот се избрани 10 општини кои ќе бидат вклучени учениците од шесто до деветто одделение.
Ќе се следи реализацијата на наставата, кои се недостатоците, при што ќе бидат спроведени меѓународни стандарди преку прашалници, дел од европската програма. Тие ќе се споредуваат со останатите членки земји на Европската унија.
Целта на проектот на Агенцијата за млади и спорт, поддржан од Европската комисија во соработка со Факултетот за физичко образование е вклучување во спортски активности.
Според Светската здравствена организација, дебелината кај децата од европскиот регион на СЗО и натаму е на високо ниво, 29 проценти од нив се соочуваат со зголемена телесна тежина. Извештајот покажува дека 57 насто воопшто не посетуваат спорт или танцување, а 38 насто консумираат безалкохолни пијалаци со додаден шеќер.
Ана Ј. Тодоровска
