Руските сили нападнале повеќе од 50 населени места во Украина
Комуникациските канали помеѓу САД и Русија останале отворени. Москва останува отворена за заемно корисен дијалог. Во меѓувреме, не запираат битките во Украина. Градоначалникот на Киев ги замоли жителите да се подготват за суровата зима во главниот град...

Комуникациските канали помеѓу САД и Русија останале отворени. Двете страни продолжуваат со целните контакти во оние сфери каде тоа е најнеопходно. Москва останува отворена за заемно корисен дијалог, а во интерес на Вашингтон е да одржува постојан контакт со Кремљ, потврдија портпаролката на руското МНР и советникот за национална безбедност на САД.
„Ние во администрацијата на Бајден имавме можност да се вклучиме и на високи нивоа да комуницираме со Русите за да го намалиме ризикот и да ги пренесеме последиците од потенцијалната употреба на нуклеарно оружје“, изјави Џејк Саливан, советник за прашањата за национална безбедност на САД.
Во меѓувреме, не запираат битките во Украина. Руските сили нападнале повеќе од 50 населени места, меѓутоа и украинската војска возвраќа и напредува. Руски ракети паѓаат во регионот на Миколаев секој ден. Војниците ја користат муницијата што ја добиле најдобро што можат и се обидуваат да ги турнат Русите што подалеку. Керсон е оддалечен само 40 километри. Ситуацијата долж линијата на фронтот не е променета, масовната евакуација на жителите е завршена.
„Ситуацијата на линијата на фронтот не е променета. Постои мало затишје. Масовната евакуација заврши. Сега луѓето можат сами да си заминат со јавување на отворената телефонската линија. Тоа мора да го направат сами“, изјави Кирил Стремусов, шеф на цивилно-воената администрација назначена од Русија.
Во Украина, 4,5 милиони жители останаа без струја поради руските напади врз електричната мрежа на земјата. Градоначалникот на Киев ги замоли жителите да се подготват за суровата зима во главниот град.
„Треба да бидеме подготвени за се. За прекини на вода и на струја. Се надевам дека тоа нема да трае вечно“, изјави извршниот директор, Викторија Левчук.
Украинскиот претседател Зеленски во објава на социјалната мрежа Телеграм ги обелодени петте услови за започнување на преговорите со Москва. Повторно воспоставување на територијалниот интегритет, почитување на Повелбата на Обединетите нации, компензација за сите воени штети, казнување на секој воен злосторник и гаранции дека тоа нема да се повтори.
Маријана Димовска
