Новиот шеф на ОЈО – ГОКК ветува дека нема да подлегнува на политички влијанија
Вишиот гостиварски обвинител Ислам Абази, доби најмногу гласови, за да раководи со одделот за организиран криминал. Ветува дека ќе работи професионално и без политички влијанија...

Новоизбраниот шеф на обвинителството за организиран криминал и корупција Ислам Абази вети борба, но вели нема да подлегне на политички влијанија. Иако немал програма за работа, колегите ги убедил да гласаат за неговата визија. Абази тврди дека нема никакви релации со ДУИ, ниту со нејзиниот лидер Ахмети. Кога ќе стапи на функцијата, најпрво ќе се запознаел со состојбата во обвинителството, а приоритет му се пополнувањето на испразнетите места и дигитализацијата.
Гостиварскиот виш обвинител Абази е родум од Зајас. Имаше само два гласа повеќе од неговиот противкандидат Ермон Незири. Изборите за прв човек во Обвинителството за организиран криминал, за првпат беа спроведени според новиот закон за обвинителство. Советот на јавни обвинители на седница треба да го назначи за прв човек на обвинителството за организиран криминал со мандат од 4 години.
Наташа Гркова Петрушевска
