Македонија

Жан Митрев: Ниту денар повеќе не е земен од пациентите за време на пандемијата

08.11.2022 14:53

Управата за јавни приходи, како и независни вештаци утврдија дека секој депозит што е земен, а не бил искористен, до денар е вратен на пациентите. Митрев тврди дека за 100 насто е опадната работата на клиниката поради, според него, лажните обвинувања за профитерство...

Клиниката „Жан Митрев“ ниту денар нема земено од пациентите за време на пандемијата. И Управата за јавни приходи, како и независни вештаци утврдија дека секој депозит што е земен, а не бил искористен, до денар е вратен на пациентите.

Митрев тврди дека за 100 насто е опадната работата на клиниката поради, според него, лажните обвинувања за профитерство и за што зел кредит од 4 милиони евра. Со процесот на хемофилтрацијата се спасени човечки животи. Тоа се потврдува и со смртноста, којашто во клиниката е ниска во време на пандемијата, вели Митрев.

Според деталните болнички извештаи во „Жан Митрев“, на Клиниката биле хоспитализирани вкупно 1.738 пациенти, од кои 1.296 преживеале.

Од пациентите кои биле третирани во Клиниката, 294 пациенти или 47 насто претходно биле хоспитализирани во други болнички установи.

Истрагата го сомничи Митрев дека во периодот од април 2020 година до 2022, со намера за прибавување противправна имотна корист, со лажно прикажување факти, довел во заблуда пациенти лекувани од Ковид-19 преку методот на хемофилтрација. Во август му беше одземен пасошот од надлежниот суд.

Александра Спировска