Македонија
Тензична седница на Советот на Град Скопје, навреди и обвинувања меѓу Арсовска и Славески
08.11.2022 15:38
Одложена седницата на Град Скопје, свикана од претседателот на Советот, Трајко Славески. Причина, вербалната расправија меѓу него и градоначалничката Арсовска, која му упати навреди. Таа пак, му викна полиција бидејќи Славески го украл микрофонот…

Навреди, етикети, обвинувања. Драмата во Град Скопје не престанува. Седницата за советнички прашања повторно претворена во невкусен циркус.
Претседателот на Советот, Славевски ѝ го одзеде микрофонот на градоначалничката Арсовска, по што и поставија нов. Славевски ја прекина седницата, но и по паузата навредите не престанаа.
Седницата е прекината и презакажана за наредниот понеделник.
Катерина Топалова
