ТУРЦИЈА
Уапсени 27 лица во Анкара и Истанбул, поврзани со Фетула Ѓулен
08.11.2022 15:45
Меѓу уапсените е и еден генерал и двајца офицери, кои беа отпуштени од Армијата по неуспешниот пуч...

Турските власти уапсиле 27 лица во анкара и истанбул, а по седуммуна се трага под сомнение дека се поврзани со проповедникот Фетула Ѓулен.
Меѓу уапсените е и еден генерал и двајца офицери, кои беа отпуштени од Армијата по неуспешниот пуч. Уапсените се сомничат дека примале или прераспределиле пари испратени од странство од приврзаниците на Фетула Ѓулен, кој живее во сад, а кого претседателот Ердоган го обвинува за организирање на обидот за воен удар во 2016 година.
