Македонија и Хрватска заеднички ќе освојуваат трети пазари

25.11.2013 16:31

Хрватска е јужна врата за влез на македонските стоки на Европскиот пазар , а Македонија е најсоодветна за поевтин влез на хрватските производи во регионот  на ЦЕФТА земјите . Од Хрватското министерство за економија велат дека  со Македонија имаат  убедливо најдобри  економски односи , а потврда за тоа е и експресната реализација на сите 5 договорени обврски за само 30 дена . Се размислува  и за заеднички организиран  настап на трети пазари.

,,Сакаме да направиме партнерство на хрватските и на македонските фирми на трети пазари ,партнерство во нови инвестиции  и во Македонија и во Хрватска. Јас мислам дека хрватското стопанство, ако сака поголемо влијание во регионот, тоа може да го направи во партнерство со македонски компании .”-најави Иван Врдољак, министер за економија на Хрватска.

Се најавува и отворање  чартер авио линија која треба да овозможи поголема размена на туристи во летните месеци. Заеднички ќе се конкурира и за користење европски  фондови.

,,Да биде пренесено хрватското искуство во делот на меѓународните фондови ,како и нивното искуство во либерализацијата на пазарот на електрична енерегија ,процес што ја очекува РМ во наредниот период.”-вели министерот за економија Ваљон Сараќини.

За случајот со македонските корнишони, хрватскиот министер изјави дека поединечните случаи не се став ниту на една земја ниту пак тренд во политиката. Инспекциите ја контролираат усогласеноста со ЕУ стандардите  и ако има некое отстапување тоа се корегира,рече Врдољак.

До крајот на годината се очекува трговската размена меѓу двете земји да достигне 220 милиони долари.