Отворен ден на ФЕИТ

26.04.2014 09:54

На отворениот ден посетителите ќе се запознаат со наставниот кадар, како и со студентите кои студираат на факултетот...

Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) денеска ќе одржи отворен ден за матурантите и сите заинтересирани да се информираат за уписите, студиските програми и начинот на студирање на ФЕИТ, како и за можностите кои се отвораат пред овие академски граѓани по завршување на студиите на факултетот.
 
На отворениот ден посетителите ќе се запознаат со наставниот кадар, како и со студентите кои студираат на факултетот. Тие ќе имаат можност да ги разгледаат просториите на ФЕИТ и лабораториите во кои се изведува практичната настава.
 
Отворениот ден на ФЕИТ е во организација на Деканатот на факултетот и Центарот за нови студенти, тело кое е основано за да се овозможи полесен и поедноставен начин за информирање на матурантите во врска со студиите на ФЕИТ.