САД

Американците избираат членови на Конгресот, Сенатот и гувернери

08.11.2022 19:06

На завршните митинзи, Џо Бајден предупреди дека републиканска победа би можела да ги ослабне демократските институции на земјата, додека Доналд Трамп уште еднаш навести дека следната недела би можел да ја објави кандидатурата за претседател.

САД гласа за претставнички дом, една третина од Сенатот и за гувернерски места во неколку клучни сојузни држави. Прашањата како што се инфлацијата, состојбата на демократијата и политиката на владеење пресудни за гласачите.

„Само извршете ја граѓанската должност. Имаме големи избори овде. Сенатот, гувернерот. Сите очи денес се вперени во Пенсилванија“, изјави Ден Хас-гласач во Пенсилванија.

„Најголема грижа ми е инфлацијата. Имам четири деца и семејство и во моментов е тесно. Знаете, цените на бензинот, храната, тоа е лудо“, додава Џо Рајан-гласач во Пенсилванија.

На завршните митинзи, Џо Бајден предупреди дека републиканска победа би можела да ги ослабне демократските институции на земјата, додека Доналд Трамп уште еднаш навести дека следната недела би можел да ја објави кандидатурата за претседател.

„Знаеме во нашите коски дека нашата демократија е во опасност и знаеме дека ова е вашиот момент да ја браните. Мислам дека ќе биде тешко, но мислам дека ќе го добиеме Сенатот“, нагласи Бајден.

„Ако ги поддржувате падот и пропаѓањето на Америка, тогаш мора да гласате за радикално левите, луди луѓе. Ако сакате да го запрете уништувањето на Америка, тогаш мора да гласате за републиканците во голем црвен бран“, рече Трамп.

Според анкетите, способноста на Бајден да носи закони ќе биде нарушена доколку републиканците го освојат Претставничкиот дом. Резултатот може да влијае и на односот на САД кон војната во Украина. Некои републиканци веќе најавија намалување на помошта за Киев во случај на изборна победа.

Зоран Богатинов