Култура

Саем на книга во Кочани

08.11.2022 19:42

Цела недела во Кочани ќе излагаат 17 домашни издавачки куќи и читателите ќе можат да избираат од понудените преку 2.000 наслови од домашни и странски автори.

По 16-ти пат во Кочани се одржува Саем на книгата и е дел од многубројните активности кои се планирани за одбележување на Месецот на книгата.

Цела недела во Кочани ќе излагаат 17 домашни издавачки куќи и читателите ќе можат да избираат од понудените преку 2.000 наслови од домашни и странски автори.

Саемот се одржува во просториите на библиотеката „Искра“, а за посетителите ќе биде отворен до 12-ти ноември и ќе можат да го посетат секој ден од 10 до 18 часот.

Годинава интересот на излагачите но и на читателите е многу голем, па покрај 15 издавачки куќи присутни уште од првиот саем, годинава се приклучуваат уште два нови издавачи.

Библиотеката „Искра“ по традиција, со комплети книги ги награди најдобрите творби на учениците од основните и средните училишта кои учествуваа на литературниот конкурс „Нејзиното височество – книгата“.