„Песни за љубов и копнеж“ со Каролина, Дуке и Исмаил во Филхармонија на 23-ти декември

08.11.2022 20:10

Албумот „Песни за љубов и копнеж“ е сочинет од 11 од најубавите, подзаборавени македонски композиции од втората половина на 20-от век, златната ера на македонската забавна музика, потпишани од некои од некои нашите најмаркантни автори: Драган Ѓаконовски Шпато, Димитар Масевски, Тодор Бојаџиев, Љубомир Бранѓолица …

Македонската публика ќе има ретка можност во живо да слушне песни кои имаат есенцијална вредност, изведени од тројца врвни уметници. Авалон продукција го претстави проектот „Песни за љубов и копнеж“ од Каролина, Дуке и Исмаил, кој претставува студиски албум и концертната промоција на истиот ќе се одржи на 23-ти декември во Македонската филхармонија.

Албумот „Песни за љубов и копнеж“ е сочинет од 11 од најубавите, подзаборавени македонски композиции од втората половина на 20-от век, златната ера на македонската забавна музика, потпишани од некои од некои нашите најмаркантни автори: Драган Ѓаконовски Шпато, Димитар Масевски, Тодор Бојаџиев, Љубомир Бранѓолица …

После бројни настапи и соработки на Каролина, Дуке и Исмаил, идејата за овој албум се роди во 2016-та година, по што внимателно се работеше на неговиот концепт, бирање на композициите и создавање нови аранжмани, со фокус на тоа да им се даде „нов живот“ на некои од најубавите песни на домашната забавна музика, велат од Авалон продукција.

После скоро две години од неговото завршување, Каролина и нејзиниот беспрекорен вокал, Дуке и неговата уметничка и аранжманска генијалност и импровизациската моќ на Исмаил за прв пат ќе го претстават проектот „Песни за љубов и копнеж“ на ексклузивна концертна промоција во Македонската филхармонија.

Со секоја купена влезница ќе следува физичко издание од албумот, додека албумот ќе биде достапен на сите дигитални платформи на 24-ти декември.