Временска прогноза
Сончево со мала до умерена облачност, претпладне во котлините магла
09.11.2022 08:38
Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец...

Денеска во Македонија претпладне ќе има магла или ниска облачност по одделни котлини. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи во интервал од 0 до 7 степени, а дневната од 15 до 20 степени.
Во Скопје претпладне со појава на магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се движи до 6 степени, а максималната до 17 степени.
