Уставниот суд ќе разгледува три иницијативи за оценување на уставноста и законитоста
Уставниот суд денеска ќе ја одржи 35-та седница на чиј дневен ред се три иницијативи за оценување на уставноста и законитоста...

Уставниот суд денеска ќе ја одржи 35-та седница на чиј дневен ред се три иницијативи за оценување на уставноста и законитоста.
Првата иницијатива, чиј подносители се адвокати Владимир Стојкоски и Глигорие Ќатоски се однесува на оспорување на член 17 од Законот за државното правобранителство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 87/2007, 167/2010 и 104/2015).
Втората иницијатива предложена од Синдикат на полиција во Македонија – Велес се однесува на оспорување на член 5 од Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 149/2021).
Третата иницијатива, чиј подносител е Димитрија Атанасовски, се однесува на оспорување на Одлуката за изменување на Одлуката за утврдување на стапката на данок на имот, бр. 07-3165/26 од 29.12.2008 година, донесена од Советот на Општина Охрид („Службен гласник на Општина Охрид“ бр. 10 од 30.12.2008 година).
