Свет

Национален штрајк во Белгија, се очекува парализа на целата држава

09.11.2022 09:12

Поради националниот штрајк закажан за денеска, авиокомпаниите веќе откажаа 55 отсто од летовите планирани за пристигнување или полетување од бриселскиот аеродром како мерка на претпазливост, изјави портпаролката на аеродромот Натали Пиерар. Железничарите се жалат на влошување на работните услови, отсуство на вработување од суштинско значење за одржување на благосостојбата на персоналот..

Синдикатите во Белгија денеска организираат национален штрајк и ги повикаа работниците масовно да излезат на улиците за да протестираат против „блокадата на платите“ и социјалните проблеми.

Синдикалците укажуваат дека ја отфрлаат „блокадата на плати“ во овој кризен период и особено посочуваат дека бруто-маржите на компанијата биле „историски високи“ во првата половина од годинава.

Од друга страна, организациите на работодавачи упатуваат на драматична состојба за компаниите поради автоматското индексирање што се применува, што значи дека покачувањето на платите следи по порастот на инфлацијата.

„Ситуацијата од ден на ден се влошува, нашите компании се во се потешка ситуација и сите сигнали се црвени“, објаснува Питер Тимерманс, генерален директор на Федерацијата на белгиските компании.

Поради националниот штрајк закажан за денеска, авиокомпаниите веќе откажаа 55 отсто од летовите планирани за пристигнување или полетување од бриселскиот аеродром како мерка на претпазливост, изјави портпаролката на аеродромот Натали Пиерар.

Станува збор за нешто повеќе од 200 летови, а се очекува да бидат блокирани и пругите.

Железничарите се жалат на влошување на работните услови, отсуство на вработување од суштинско значење за одржување на благосостојбата на персоналот и повикуваат на релевантно финансирање на мисиите на јавниот сервис.

Јавната сообраќајна мрежа во Брисел ќе биде сериозно нарушена поради национален штрајк, предупреди бриселската транспортна компанија.

Многу автобуси, трамваи и метрото ќе останат на пероните.